Бугарската влада преговара со Лукоил за да се подготви, доколку е потребно, да продава 100% гориво кое не е од Русија.



Во моментов, рафинеријата работи со 40% руска нафта.

Ова по денешната седница на Владата го соопштија ресорните министри и портпаролката на кабинетот Лена Бориславова.

Таа прецизираше дека Владата интензивно се подготвува да спречи енергетска криза, а вицепремиерот Асен Василев додаде дека земјава има гориво за 120 дена, дури и да се затвори Босфорот, што е „екстремна опција“.

Во однос на снабдувањето со гас, во терминалите за течен гас има доволно количество, веќе се со различна цена, но не се очекува прекин на испораките.