Бугарија е вознемирена сме од таканаречениот „Марш на надежта“ , кој се организира во мигранстските кампови во Турција, предупредил денеска премиерот Бојко Борисов за време на учеството во тркалезна маса на тема “Заштита на надворешната граница на ЕУ и миграциски политики на Република Бугарија“ на која учествувал и баварскиот премиер Маркус Зодел.
Како што прекесува агенцијата БГНЕС, 30 000 лица планираат да влезат Европа преку Грција, Хрватска односно „балканската рута“ соопштил Борисов, според кој зад планираниот марш стои добра и силна организација.
Ако тргнат жени, деца кон границите, ќе има голем проблем, загрижен е Борисов според кој мигрантите не се виновни, тие се жртви.
Во Турција има близу милиони мигранти, предупреди уште премиерот.
Бугарскиот премиер информираше дека секое утро му поднесуваат извештај за обиди за преминување на границата.
Имало 6.904 прекршувања на буграско-турската граница, а над 5.000 лица доброволно се вратиле во Турција, откако ги виделе патролите, пренесе БГНЕС..





