Бугарија се обврзува да го евакуира тимот на Амбасадата на РСМ во Киев,Украина, изјавила денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
Шефицата на бугарската дипломатива најави дека Бугарија ќе го обнови и предлогот за заштита на воздушниот простор над Македонија.
„Доброто е што го рестартиравме дијалогот за политички прашања со Република с.Македонија и треба да има надградба со резултати на хоризонталните политики.
Плановите на владата се амбициозни, целта е да се постигнат конкретни резултати во секоја политика“ изјавила министерката, пренесоа бугарски медиуми.






