Бугарија отвори два пункта за вакцинирање македонски граѓани

Државјаните на Македонија од утре ќе можат да примат вакцина против Ковид-19 на двата пункта што Бугарија ги отвори во меѓуграничната зона на два гранични премина со Македонија, и тоа Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.



Со оглед на тоа дека двата пункта се наоѓаат во меѓуграничната зона, луѓето нема да мораат да влегуваат во Бугарија, со што нема да имаат потреба од покажување негативен ПЦР-тест.

Заинтересираните за вакцинирање ќе можат да избираат меѓу „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.

Бугарските медиуми известуваат дека веќе има запишано македонски граѓани, а идејата за ваков вид помош на Македонија е на бугарскиот филантроп Милен Врабевски.