Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го продолжи пост мониторинг дијалогот со Бугарија и во јуни 2020 година ќе го процени напредокот во судскиот систем, корупцијата на високо ниво, медиумите, правата на малцинствата, говорот на омраза и насилството врз жените.
По парламентарната дебата, врз основа на извештајот на Франк Швабе (Германија, СПД) и Золт Немет (Унгарија, ЕНП / ДХ), ПССЕ одлучи да го продолжи постмониторинг дијалогот со Бугарија, истакнувајќи дека и покрај „значителниот напредок” постигнат од земјата во согласност со нејзините обврски од последниот извештај од 2013 година, останаа голем број проблеми.





