Бугарија од утре без руски гас

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ ќе престане да испорачува гас за Бугарија во среда, објави во бугарското Министерство за енергетика.



Веста доаѓа откако компанијата од Санкт Петербург потврди дека исто така ќе го запре снабдувањето на Полска, при што двете земји одбиваат да платат за гасот во рубли.

Бугарија се потпира на Русија за околу 90 отсто од својот гас, а остатокот доаѓа од Азербејџан.

Минатиот месец портпаролот на државната енергетска компанија „Булгаргаз“ им рече на новинарите дека од ова лето Азербејџан ќе го обезбеди целокупното снабдување на земјата, иако по повисока цена. Покрај тоа, бугарската влада планира да ја поврзе земјата со сè уште недовршениот терминал за течен природен гас во Грција, каде гасот ќе се увезува со брод, најверојатно од САД.

Актуелниот 10-годишен договор на Бугарија со „Гаспром“ требаше да истече на крајот на оваа година, но во соопштението на Министерството се вели дека „Булгаргаз“ нема да го заврши договорот ако мора да плати во рубли.