Веруваме дека нашата земја ги исполни сите критериуми и е подготвена да се приклучи на Шенген на крајот на декември за време на Советот на ЕУ, изјави заменик министерот за внатрешни работи на Бугарија Костадин Којабашев.
Холандскиот парлемент против Бугарија и Романија во Шенген
„Очекуваме на крајот на месецот да биде презентиран извештајот на ЕК, а повратните информации се дека нашата држава добро работи“, прецизира тој.
Во однос на резолуцијата на холандскиот парламент, Министерството за надворешни работи смета дека ова „не е позитивен развој на настаните, но не го одредува ставот на владата на земјата, туку е препорака од Домот на Парламентот да продолжи да ги следи активностите на Бугарија и Романија“.
„Ова уште повеќе не обврзува да бидеме уште поактивни во работата со претставниците на Холандија“, заклучи заменик министерот. Њуз.бг






