Новиот министер за надворешни, Бујар Османи и вицепремиерот за европски интеграции, Никола Димитров кои денеска ги разменија функциите, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, пренесе МИА.



Димитров рече дека Бугарија не може да добие од комплицирање на европската иднина на Република Северна Македонија.

“Во тоа сум убеден бидејќи има голема улога кога беа претседавачи со Европската Унија, со Самитот во Софија токму во отворањето на Европа и враќањето на проширувањето високо на агендата на ЕУ. Во однос на ова прашање ќе имаме комплементарност со Бујар бидејќи од една страна ги тангира меѓусоседските односи, а од друга страна европската иднина на државата“, рече Димитров.

Според него прашањерто за самоизјаснување и самоопределување на македонскиот народ кој зборува македонски јазик не е во спротивност со Европската унија која почива на европски вредности и почитување на различностите…