Иако Русија ѝ го прекина снабдувањето со природен гас, Бугарија нема да го запре транзитот на руски гас за Србија, Грција и Македонија, соопшти Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“.
Бугарија започна преговори со Турција за обезбедување алтернативна рута за снабдување со природен гас, рече Малинов.
Од компанијата објаснија и дека вчера е направен уште еден тест на маршрутата Бугарија-Грција и се се одвива според планот, така што интерконекторот ќе биде завршен навреме, иако самиот „Булгартрансгаз“ нема да биде негов оператор.






