Некои украински бегалци ги напуштаат хотелите од пониска класа и одат во полуксузно сместување, изјави за бугарското национално радио Преслав Луканов, управител на хотел со две ѕвезди во туристичкиот комплекс Златни Песоци.
„Во моментов, згрижувањето на луѓето кои бегаат од војната се претвора во чист туризам што не не е она што треба да биде.
Украински државјанин кој е сместен апсолутно бесплатно во хотел со две ѕвезди и гледа можност за самосместување во хотел од повисока категорија“, вели Луканов како што пренесуваат медиуми.
Според него, нема регулатива ниту меѓу институциите во Бугарија, ниту во туристичката индустрија. За разлика од очигледната конкуренција во текот на сезоната, во овој случај трката беше неконтролирана. Украинските бегалци се сместуваат бесплатно и во поевтини и во поскапи хотели, рече Луканов.
Тој и неговите колеги чекаат одлука од државата, дали има каков било начин на украинскиот бегалец кој престојува во хотел или гостилница да му се ограничи да се пресели во други хотели.







