Няма Бугарин, кој ќе посака да се слави Гоце Делчев на 7 октомври, изјави заменик-премиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.



Таа одговори на  прашањето дали за Бугарија би била прифатчилва понудата на историчарите од Македфонија за заедничко славење на денот кога посмрттните останки на Гоце Делчев биле пренесени од Софија во Скопје.

Замолена за мислење дали треба да се блокира членството на Македонија во НАТО и Европската унија, Захариева одговори:

„Во однос на започнување на преговорите за членство во ЕУ, тие имаат задолженија и за добросостојба и во однос на историјата“., пренесе БНР.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров  се надоврза и изјави дека доколку Гоце Делчев беше жив, немаше да биде задоволен од поделбите што ги создава неговорто име.

 Димитров рече дека делото на Гоце Делчев може да биде мост, кој ќе ги поврзе историјата и сегашноста на Бугарија и Северна Македонија.

И Захариева  смета дека  Гоце Делчев е една од личностите, кои треба „да не обединуваат, а не да разделуваат“.

Вицепремиерката изрази надеж до крајот на годината, Комисијата од експерти од двете држави, кои работат по историските прашања, да ја завршат работата успешно.