Позицијата на Бугарија во однос на почетокот на преговорите на Македонија за членство во Европската унија останува непроменета, соопштиле од Владата во Софија за бугарската новинска агенција БГНЕС.
Оттаму прецизирале дека „Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година“, односно очекува од Македонија да се придржува до Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.
Според БГНЕС, тоа е позицијата што Бугарија ќе ја брани на седницата на Советот „Општи работи“ на 14 декември во Брисел.
Од Владата појасниле дека „за Бугарија останува решавачки фундаменталниот принцип на сопствените заслуги на секоја одделна земја-кандидат. Бугарската страна смета дека Албанија е подготвена за напредок на патот кон ЕУ“.






