Не се очекува промена во позицијата на Бугарија во однос на нејзиното вето за пристапните преговори за Македонија во ЕУ, објави Бугарското национално радио (БНР) повикувајќи се на свои извори.



„Нашата земја останува во позиција дека нема напредок кај нашиот западен сосед во спроведувањето на договорот за добрососедски односи како целина“, пренесува БНР.

Прашањето за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ меѓу Македонија и Албанија денеска се дискутира на Советот за општи работи во Луксембург.