„Не гледам причина да се откажам, а аргументите што досега ги слушнав немаат суштина“, рече премиерот и академик Николај Денков на брифинг со новинарите, како одговор на критиките за идејата ПП/ДБ (коалицијата предвоидена опд Кирил Петков) лансирана вчера, за промена на бугарскиот национален празник од 3 март на 24 мај… во рамките на идејата за измени на Уставот.



Само како појасѝнување: На 3 март 1878 во Сан Стефано бил потпишан Санстефанскиот мировен договор помеѓу Руското Царство и Отоманското Царство склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на (Јешилќој), село западно од Истанбул, од страна на Никојал Игнатјев и Александар Нелидов од страна на Руското Царство и министерот за надворешни работи Сафет-паша и амбасадорот во Германија Садулах-беј од страна на Отоманското Царство. Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава.

„Како човек на науката, на просветителството и како што сум учител, 24 мај е најсветлиот празник што не обединува сите“ вели премиерот

„24 мај започна со преродба, просветлување и описменување на народот, но веќе има друго значење – бугарската култура и она со што се гордееме“, вели премиерот Денков.

Но историчарката проф. Искра Баева во врска со предлозите на ПП/ДБ за измени на Уставот вели дека „24 мај е апсолутно неоспорен датум, но не може да биде државен празник.

24 мај е народен празник, а неговото претворање во државен празник ќе го исполитизира“ смета таа. .

„24 мај е најбугарски празник, но е народен празник, на луѓето што се далеку од политиката. Националниот празник е политички празник“ вели историчарката.

Според неа, прогласувањето на 24-ти мај за државен празник би можело да ги исклучи сите други кои го слават кирилицата.

Но, експертот за медиуми доц.Георги Лозанов со поинаков став:

Тој смета дека 3 март не исполнува два услова кои се клучни за празникот да биде државен празник – да ја обединува нацијата и да бидебелег на националниот идентитет.

„3 март не ја обединува нацијата, туку станува повод за дебата. Трети март внесува руски елемент во бугарскиот национален идентитет“, смета Лозанов.

Тој вели дека ширењето на словенското писмо е едно од клучните достигнувања на бугарската култура и ја обединува нацијата, за разлика од 3 март.

„Има обид на Москва да ја потцени улогата на Бугарија во однос на писменоста, а со претворањето на 24 мај во национален празник го прогласуваме нашето културно достигнување во Европа“ вели Лозанов.