Бугарија на маки: Дали мандатарот Пламен Николов ќе состави влада

Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, ги повика пратениците и партиите да најдат сила и мудрост за да обезбедат стабилна влада.



Победничката партија на предвремените избори на 11 јули, „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, вчера го предложи Пламен Николов – пратеник од ИТН по втор пат, човек со филозофско образование и успешен бизнисмен, кој гои доби мандатот од претседателот Румен Радев.

Јанев повика на поддршка на обидите на ИТН да составии влада.

Друг развој, според Јанев, може да доведе до сериозна политичка и институционална криза.