Бугарија: Му одбројуваат на Петков колку ќе трае тој и неговата влада

Processed with VSCO with a6 preset

Продолжуваме да ги броиме деновите до падот на владата, изјави за БНТ социологот Евелина Славкова. Социолошките истражувања покажуваат пад на довербата во кабинетот. Опозицијата во лицето на ГЕРБ е првата политичка сила во Бугарија.



Според неа, ГЕРБ има најголем интерес владата да продолжи да ја пие својата горчлива чаша. Проблемите во комуникацијата ја кочат Владата, смета Славкова.

П’рван Симеонов коментира дека владата донела непопуларна одлука за Украина. Ќе се бара опција Корнелија Нинова да остане на власт. Според него, ПП (валедјачката Пародолжуваме со промената -н.з.) успеваше да разговара со клевицата, но отсега ќе се обрати до Дермократска Бугарија (ДБ). Уште поакутном според него, е прашањето колку останува до изборите.

Според Симеонов, сега е важно прашањето за Северна Македонија. Поделбата Борисов-анти-Борисов е завршена, рече тој, истакнувајќи дека се вратила поделбата околу „За и против Русија“. Тој смета дека на владата на Петков „ѝ паднала лоша коцка“ и на моменти зрачи со нестабилност. Малите се обидуваат „ѝ да се качат на глава“, сметаСимеонов според кој нема многу јасни алтернативи во оваа ситуација, нагласи тој.

Кирил Петков „го распнаа коалициските партнери“, убеден е Петар Чолаков… Тој не ја исклучува можноста Нинова (која се закани дека БСП ќе ја напушти коалициската влкаст доколку Бугарија испрети оружје за Украина) да не ја напушти власта дури и да испратиме оружје во Украина. Има опција да покаже цврстина, бидејќи ако попушти, БСП ќе се обезличи.

Processed with VSCO with a6 preset