Бугарија може да прими и да вработи 200.000 Украинци

Источноевропските земји ги гледаат милионите Украинци кои бегаат од руската инвазија како потенцијална работна сила. Аналитичарите предупредуваат дека интегрирањето на сите нив ќе биде предизвик, пренесе АФП.



Околу 2,5 милиони луѓе веќе ја напуштиле Украина, според Обединетите нации, кои ги опишуваат како „најбрзо растечка бегалска криза во Европа по Втората светска војна“.

Повеќе од половина се веќе во Полска, но десетици илјади остануваат и во Молдавија и Бугарија, кои имаат некои од земјите каде опаѓа бројот на население.

„Оние кои сега пристигнуваат во ЕУ се добро квалификувани и ја задоволуваат побарувачката за работна сила“, рече Зиглинде Розенбергер од Универзитетот во Виена.

Во писмото до владата, Здружението на бугарските организации на работодавачи соопшти дека може да вработи до 200.000 Украинци, објваи БГНЕС.

Во писмото се вели дека особено ќе бидат добредојдени оние кои имаат бугарско потекло и го зборуваат јазикот. Претставниците на ИТ, текстилниот, градежниот и туристичкиот сектор во Бугарија, исто така, рекоа дека сакаат да вработат десетици илјади луѓе.

Бугарското население се намали од речиси девет милиони со падот на комунизмот на 6,5 милиони сега. Само мал дел се должи на иселувањето.

Бугарскиот премиер Кирил Петков ги опиша украинските бегалци како „интелигентни, образовани, висококвалификувани“. „Тоа се луѓе кои се Европејци, така што ние и сите други земји сме подготвени да ги прифатиме“, рече тој.