…постојаното тврдење на функционери и историчари од Бугарија дека македонскиот народ е дел од бугарското ткиво, а македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот јазик, го прави токму спротивното – Македонците да се чувствуваат сѐ поодалечени од Бугарите и нивните закани со блокади да влијаат на прекинување на огромниот дел од врските што преостанале.
Доколку некој бара логично објаснување тешко дека ќе може да го најде – да правиш сѐ за да го оддалечиш од себе оној што го сметаш како најблизок, како брат. Па дури да се закануваш дека за него ќе бидеш она што беше Каин за Авел, констатира „Дојче веле“ во анализата на последните реакции во низа кои доаѓаат од Софија (Каракачанов, Ковачев, Димитров) и нагеовестуваат блокирање на македонскиот пат кон ЕУ.
(…)
„Дали АСНОМ бил темел на антибугарството затоа што донесува одлуки за државата и македонскиот јазик, по годините кога од Бугарија беа испраќани илјадници учители да ги учат децата на бугарски јазик, кога Бугарската егзархија организирираше свои епархии на окупираната територија, кога административно македонските области стана дел од бугарската територијална организација?
Ковачев е во право во некоја рака кога зборува за АСНОМ – па, антифашистичкото собрание беше свикано за да ја оформи македонската држава по толку многу дадени жртви, а не да стане територијална единица на Бугарија, која тогаш сѐ уште беше дел од силите на оската. Еден месец подоцна, кога армиите на советскиот маршал Толбухин дојдоа на границите на Бугарија, таа ја сврте страната и од сојузник на нацистичка Германија што е можно побрзо им се приклучи на победницитe“ стои , меѓу другото во анализата на Дојче веле.






