Дејан Д. државјанин на Македонија, е осуден од Окружниот суд Во Ќустендил на казна од 4 години и 6 месеци „затвор“ и парична казна од 50.000 лева откако на 7 јули годинава се обидел да прошверцува дрогата преку граничниот премин Ѓуешево, јавуваат бугарски медиуми.
На излез од Бугарија, Дејан Д.(50) се обидел да пренесе 1.855,78 грама амфетамин во две ПВЦ шишиња, со етикети на концентрат на зелен чај.
При царинскиот преглед тој почнал да бега во правец на Македонија, но бил фатен.
Тој ја признал вината како сторител на три кривични дела: Обид за транспорт на дрога преку границата на државата, како и поседување и обид за преминување на границата со Бугарија, без дозвола на надлежните органи.






