Бугарија: Лидерите на владејачката коалиција расправаа за Македонија

Софиското издание „24 часа“ синоќа соопшти за одржана средба на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија на тема с. Македонија, повикувајќи се на учесници на средбата јави дописникот на МИА од Софија. Една од двете главни теми била пристапувањето на Македонија во Европската Унија.



Медиуми потсетуваат на зборовите на бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата на премиерите на државите членки на НАТО од Југоисточна Европа што се одржа во Софија, дека Северна Македонија има место во европското семејство и тоа треба да се случи што е можно поскоро.

За време на средбата Петков рекол и дека Бугарија и нејзината влада се посветени тоа да се постигне, но има прашања кои треба да се разјаснат етапно, меѓу кои се и правата на малцинствата.


Кирил Петков посочил дека Бугарија и Северна Македонија постигнале голем напредок во односите во последните три месеци, вклучително и за историските прашања, и дека прво ќе ги запознае своите коалициски партнери со извештајот за напредокот на историската комисија, а потоа ќе го тоа претстави пред јавноста во Бугарија.