Бугарија купува Горани од Косово да станат Бугари

Признавање на наводно бугарско малцинство, загарантирано место во советот на заедници и постоење на Бугари во Уставот,се трите понуди на Софија до Гораните во Косово и со намера да ја сменат нивната националносво -м бугарска.



жШто ќе се случува во идниот период со ова малцинство во пресрет на претстојниот попис во осово, анализира. „Еуроњуз Србија“ .

„Гораните се автохтон народ од муслиманска вероисповед чиј јазик е архаичен словенски говор. Бугарскиот претседател Румен Радев на посета во Приштина пред неколку недели изјави дека има околу 15.000 Бугари во Косово мислејќи на Гораните. Истото го побара и потпретседателката на Бугарија Илина Јотова.

Гораните живеат во економски најнеразвиените делови на Косово, Жупа и Подгора.

Во изјава за „Еуроњуз Србија“, Радивоје Младеновиќ од Институтот за српски јазик САНУ рече дека ставот на Софија е „дека планетата Земја најпрвин била населена со Бугари“.

Интересно е што соседна Албанија го вклучи бугарското малцинство во својот устав во 2018 година.