Бугарија ќе ѝ даде на Украина 100 оклопни возила од советско време

Бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев вчера во Одеса се сретна со неговиот украински колега Олексеј Резников на кој му вети конкретна воена поош на Украина..



Според информациите на bTV, Тагарев на прес-конференцијата најавил и дека Бугарија оваа есен би можела да започне со трансфер на оклопна борбена опрема во Украина.

Станува збор за околу 100 оклопни возила од советски модел, кои се’ уште се во магацините на бугарското МВР.

Тагарев истакна дека Бугарија ги поддржува правните дејствија за заштита од руски воени дејствија и враќање на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.