Бугарија ќе вакцинира бугарски државјани – отворени 4 пунктови

Бугарските државјани ќе можат да се вакцинираат во најголемата болница за итни случаи во Софија „Пирогов” со вакцината на „Астра Зенека” и без претходна регистрација, јави БНТ, пренесува дописникот на МИА од Софија.



Mедицинската установа има количини што можат да ги користат оние кои сакаат да се вакцинираат без закажување преку Интернет.

Поради ова, најголемата болница за итни случаи во Бугарија „Пирогов” денеска отвори четири пункта за имунизација со вакцината „АстраЗенека“.

Оттаму велат дека ќе биде прифатен секој што сака да биде имунизиран и без закажување.