Ова за ТВ 24 го изјави Иван Димов, советник во кабинетот на министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, по изјавата на нашиот министер за надворешни работи, Бујар Османи дека ќе се интензивира комуникацијата меѓу македонската и бугарската влада.
„Никогаш не сме откажале да седнеме на една маса со нашите пријатели и да разговараме за сите отворени прашања, со нашиот сосед“, изјавил Димов за ТВ 24, додавајќи дека Бугарија треба да се гледа како земја која и дава безрезервна поддршка на Македонија за членство во ЕУ.




