Бугарскиот арламент ѝ дава мандат на Владата да разговара и да ги спроведе мерките поврзани со војната во Украина, вклучително и поправка на воена опрема за Украина.
Пакетот вклучува, прво, мерки за надминување на ефектите од економските санкции, второ, помош за Украина, хуманитарна, финансиска и воена; континуирана поддршка за пристапување на Украина во ЕУ, помош за украинските бегалци, обезбедување можност за увоз на украинско жито во Варна; зајакнување на енергетската соработка, поправка на украинската воена опрема, продолжување на снабдувањето со хуманитарна помош.
За гласаа 200 пратеници, 16 против, 1 воздржан.
Претходно во парламентот пристигна писмо доставено од украинскиот амбасадор во Бугарија Виталиј Москаленко во кое се наведува дека властите во Киев очекуваат Бугарија да ја репарира нивната воена опрема. Писмото, предадено од амбасадорот, беше потпишано од претседателот Володимир Зеленски и ја повика Бугарија да продолжи со поддршката за евроинтеграциите на Украина, побара помош за бегалците, обезбеди извоз на украинско жито преку пристаништето Варна, побара енергетска соработка и извоз на електрична енергија и гас од Украина во Бугарија, како и обезбедување хуманитарна помош во форма на лекови, облека и прехранбени производи.
Ниту едно од барањата на Украина не е поврзано со оружје и муниција.






