Европската комисија во саботата испратила ревидиран предлог до владите, кој предвидува санкциите да не се однесуваат на снабдувањето со нафта преку нафтоводот Дружба, кој е главен извор на увоз на сурова нафта во Унгарија.



Фон дер Лајен: Мора да купуваме нафта од Путин бидејќи…

Бугарија ќе добие одложување на ембаргото за руската нафта до јуни или декември 2024 година, објави БГНЕС повикувајќи се на напис на Блумберг.

Предлогот ќе ѝ даде повеќе време на Унгарија да изнајде техничко решение за да ги задоволи нејзините енергетски потреби. Тоа, исто така, ќе се однесува и за другите земји без излез на море, вклучително и Словачка и Чешка, пишува Блумберг.

По Унгарија, повеќе европски земји попуштаат на барањето на руското раководство да го плати гасот во рубљи, наведува американската агенција Блумберг во коментар.

Европската унија е веројатно „блиску до границата“ на нејзината способност да воведе рестриктивни мерки против Русија. Унијата не успеала да и нанесе сериозен удар на „профитабилната енергетска индустрија“.

„Вниманието беше насочено кон одбивањето на Унгарија да ги поддржи санкциите, но другите земји попуштија на барањето на Путин да го платат гасот во рубли. Неласкавата слика покажува колку е ограничена ЕУ во поддршката на острата реторика со акција, која бара едногласност од сите 27 земји-членки“, се вели во анализата на Блумберг, пренесе БГНЕС