Јордан Божилов, директор на Софискиот безбедносен форум тврди дека бугарските училишта се цел на закани со дојави на бомби од лица од Македонија.



„Се работи на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе одговараат и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во РСМ“, изјави Божилов, за 24 часа

„Во РСМ уште во октомври минатата година почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула – мимаше само 9. Сите се од ист тип и слични, како што се случува и во Бугарија“, направи паралела во гостување на БНТ Божилов.

Тој додава дека „многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во * Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран“, додава Божилов.