Една од опциите што моментално се разгледува во Бугарија е да се дадат неисправни ракети од резервите на бугарската армија како дел од пакетот помош во оружје за Украина, вели неофицијално пратеникот на ПП/ДБ и член на Комисијата за одбрана Ивајло Мирчев.
„Зависи што ќе сака Украина, но во секој случај Бугарија нема вишок системи за противвоздушна одбрана, затоа треба да почекаме експертите од Министерството за одбрана да кажат дали имаме вишок, на пример, неисправни ракети или нешто слично што може да се обезбеди“, рече Мирчев.
И тој прецизираше – неисправните проектили за кои станува збор би биле корисни за Киев за резервни делови, пренесува Њуз.бг.
„Бугарија сигурно нема да и ги обезбеди на Украина комплексите С-300 кои ги чуваат Софија и нуклеарната централа Козлодуј“, категоричен е и пратеникот на ГЕРБ Христо Гаџев.
„Да, ова е опција (обезбедување на неисправни ракети)“, потврди претседателот на воената комисијаГаџев.
Сигурно нема начин да се даде каква било помош за Киев што би ја загрозила нашата национална безбедност, а би се донирала опрема за која што се оценува дека повеќе не е потребна, додаде Гаџев.






