Казна во износ од 15 илјади до 25 илјади лева им се заканува на трговските ланци, кои нема да ја почитуваат уредбата на бугарската Влада на штандовите обавезно да имаат бугарски производи.
Доколку тоа не го сторат и ако се повтори, паричната казна се зголемува од 30 до 50 илјади лева (25.000 евра).
Тоа го предвидува Законот за итни мерки и активности што го изгласаа бугарските пратеници, а мерката има за цел да ја стимулира домашната економија поради кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус.
Владата веќе ги задолжи трговски ланци да нудат бугарски производи од локалните производители, пренесува БГНЕС.





