Бугарија обезбеди 19.559 лева како доброволен придонес во Фонд за мигранти и бегалци на Банка за развој при Совет на Европа, наменети за Македонија и за Босна и Херцеговина.
Владата во Софија со овие малку повеќе од 10.000 евра ќе го помогне остварувањето на тековните проекти за подобрување на материјалните и на техничките услови за прием и за сместување мигранти и бегалци во прифатните и во транзитните центри во двете земји.
Издвоените средства конкретно треба да ги поддржат административниот капацитет на центрите и нивните можности за обезбедување најсоодветна санитарна, медицинска и социјална грижа.





