Бугарија има нов министер за одбрана

Народното собрание го разреши Стефан Јанев и го избра Драгомир Заков за министер за одбрана.



Со 217 гласови за, без против, 33 воздржани беа одобрени персоналните измени во Советот на министри.

Оставка побара премиерот Кирил Петков на состанокот на Советот на министри во понеделникот, а предлогот истиот ден беше доставен до кабинетот на Народното собрание.

Првиот предлог беше Тодор Тагарев, повлечен непосредно пред денешната вонредна седница на Народното собрание.

Причина за првата оставка во кабинетот на Петков беа зборовите на Јанев дека во „Украина се спроведува операција, а не војна“ како и неговата објава на социјалната мрежа која се разликува од ставот на премиерот.

Во предметниот пост Стефан Јанев изрази мислење дека неговата оставка е процедурална и дека тој самиот нема да ја поднесе во оваа ситуација.