Вршителот на должноста бугарски премиер Галаб Донев вели дека земјата има обезбедено природен гас до крајот август, но за септември, октомври и декември нема сигурно снабдување.
„Ќе бараме извори на диверзификација за снабдување со гас во Бугарија за да ја обезбедиме целата потребна количина, вклучително и за бизнисот.
Според него 1/3 од потребните количини не е покриена, а 7-те танкери (американски течен гас договорени од екс премиерот Кирил Петков – н.з.) за кои се зборува „се само понуда“, вели в.д. премиерот.
„Ќе го прошириме кругот за преговори и ќе бараме од сите можни извори, за да нема аукции од ден на ден, од час во час и од недела во недела“, вели Донев.







