Новиот директор на македонскиот Државен архив, Емил Крстевски, ја посетил Софија на 12 и 13 декември и заедно со директорот на Државната агенција за архиви на Бугарија, Михаил Груев, се согласиле да ја засилат соработката меѓу двете институции во неколку насоки, соопшти бугарската агенција БГНЕС.
„Едната, како што наведува Груев, е поврзана со објавување заедничко издание на документарното наследство на Гоце Делчев. Тој посочува и дека одлуката за објавување на архивата за Гоце Делчев била заедничка.
„Нашата идеја беше да го олесниме дијалогот меѓу двете земји, вклучително и за темите од историјата. Се надеваме дека со вакво издание ќе го поттурнеме напред она што е предвидено со Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија“, потенцира Груев.
Архивите на Македонија и Бугарија согласно Договорот за соработка меѓу двете институции, заедно ќе објават документи за истакнати историски личности.
Изборот ќе го направат комисии од двете страни кои треба да се формираат на почетокот на наредната година, изјави за МИА директоротот на Државниот архив на РМ Емил Крстевски.





