Победничката партија на последните избори во Бугарија, „Има таков народ“ денеска треба да го извести претседателот Румен Радев дали е во можност да состави влада или ќе мора да го врати мандатот.
Досегашните преговори меѓу можните коалициони партии, до денеска се чини не успеаја да се договорат, што отвора простор за многу веројатни нови предвремени избори. Бугарија одржа редовни во април, а потоа и предвремени на 11 јули, по што во Националното собрание влегоа 6 партии.
Анкета на агенцијата „Тренд“ за бугарскиот „24 часа“ спроведе анкета која покажува дека ништо не и се сменилко во распоредот на политичките сили во земјата и ако одново има предвремени избори.
ГЕРБ -СДС би победила со минимална предност пред „Има таков народ“ – со 0,8%за разлика од 11 јули кога „Има таков народ“ беше во предност пред ГЕРБ на Борисов од само 0,57%.
БСП и „Демократска Бугарија“ остануваат во битка за третото место со 14,5% и 14,1% соодветно.
ДПС останува на нешто повеќе од 10%.
И во следниот парламент повторно формацијата “Излези БГ! Доаѓаме!” би влегле со 4,4%. На последните избори, партијата освои 5,01% од гласовите, а сега бележи благ пад во споредба со последните податоци.







