Бугарија го загуби мечот во 91. минута со ветото за Македонија, оценува бугарски политолог

Георги Кирјаков, бугарски политолог, во интервју за тамошната телевизија Блумберг го критикува ветото од Бугарија за стартот на преговори на Македонија за членство во Европската унија.



„Бугарија јасно ги изрази сопствените приоритети и цели за време на своето европретседателство – проширување на блокот во правец на Западен Балкан. Одеднаш во 90. минута, откако ние водевме во резултатот тука на Балканот, решивме дека треба да го изгубиме мечот во 91. минута. Тоа го направивме со одбивањето да ја поддржиме Северна Македонија, во случајот и Албанија, зошто тие одат во пакет – така е направен механизмот. Бугарија веќе е во губитничка позиција, а беше во водечка, лидерска позиција“, изјави Кирјаков.