Бугарија го загрозува снабдувањето со енергија – Белград и Будимпешта со демарш против Софија

Одлуката на Бугарија да воведе данок за транзит на природен гас од Русија е контроверзен чекор против Унгарија и Србија што го загрозува снабдувањето со енергија во овие две земји.



Одлуката на Бугарија да воведе данок за транзит на природен гас од Русија е контроверзен чекор против Унгарија и Србија што го загрозува снабдувањето со енергија во овие две земји, се вели во заедничката изјава на унгарската и српската влада, објавена денеска на унгарскиот владина веб-страница, објавија ТАНЈУГ и БТА.

  • Европската унија не воведе санкции за снабдување со природен гас од Русија, така што аргументот на бугарскиот премиер е целосно лажен. Оваа одлука е против европската солидарност и ја загрозува енергетската безбедност на земја-членка на ЕУ и земја кандидат. “, се наведува во соопштението, потпишано од министерот за финансии на Србија, Синиша Мали и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

Се нагласува дека Белград и Будимпешта ќе ги усогласат своите ставови и дека нема да ја остават „непријателската бугарска одлука без соодветен одговор“.