Бугарија го признаваше македонскиот јазик, што згрешија Заев и Димитров (ДОКУМЕНТ)

Професорката Ганка Цветанова открива документ според кој Бугарија односно највисоките бугарски образовни институции пред 10 години без проблем го признавале македонскиот јазик.



По договорот договорен од премиерот Заев и министерот Никола Димитров потпишан во август 2018 година Бугарија сега ја користи ознаката “јазикот на Република С…… Македонија”.

“Во 2009 и 2011г. Бугарија го признаваше македонскиот јазик. Договорите за соработка со УКИМ, а верифицирани со потпис на софиските ректори, се потпишани на Македонски ?? и Бугарски ?? јазик. Денес, и покрај Договорот за добрососедство Бугарија ?? не го признава македонски ?? јазик”, пишува екс министерката за култура Цветанова која ги повикува за коментар претседателот Пендаровски и министерот Димитров.