На вчерашниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ, постојаниот претставник на Бугарија Румен Александров, ја потврдил блокадата за земјава при што оценил дека Македонија се уште не ги исполнува критериумите за првата меѓувладина конференција.
Нема промена во ставот на Бугарија за почеток на преговори со Северна Македонија за влез во ЕУ, на денешниот состанок на Советот за општи работи, јавува БНР.
Бугарското вето останува, иако острата позиција на Бугарија кон Македонија била ублажена поради трагедијата на автопатот Струма, дознава медиумот од дипломатски извор.
Постојаниот претставник во ЕУ, Румен Александров, прво изразил длабоко сочувство за трагедијата, по што потенцирал дека Македонија се уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.
Како што објави бугарското радио, Александров додал дека во последните месеци Бугарија понудила голем број опции за надминување на отворените прашања, како гаранции за правата на лицата со бугарски идентитет и дека Македонија мора да преземе конкретни обврски, од кои некои ќе бидат исполнети на краток рок, а останатите во делот на идната преговарачка рамка.






