Заврши состанокот во Брисел на Советот на министри без да се усвои преговарачката рамка за Македонија.
Софија не го повлече ветото и на денешниот он лајн состанок на европските министри за надворешни работи на ЕУ , на кој требаше да се формулира рамката за преговори за Македонија и Албанија.
Според германскиот министер за Европа, Рот, блокадата од Софија е удар врз политиката на проширување со Западен Балкан и најави дека напредок може да се очекува следната година.
„Не беше можно да се донесе одлука сега, но мислам дека ќе го одложиме процесот за следната година, што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе напредуваме и ќе постигнеме договор. Јас апсолутно не мислам дека има потреба од план Б за можноста за членство на Македонија. Прашањето е само кога можеме да започнеме и сигурен сум дека ќе ја надминеме оваа тешкотија ”
Конечната одлука за започнување или не на преговорите ќе биде донесена од шефовите на европски држави на 10 и 11 декември.





