Бугарија ги затвора пристаништата за руските бродови

Сите морски и речни пристаништа во Бугарија од сабота, 8 април, ќе бидат затворени за бродови регистрирани во рускиот регистар за поморски сообраќај.



Според бугарската извршна агенција Поморска администрација, пристапот е забранет од сабота на полноќ за сите пловни објекти заверени во рускиот регистар, без оглед на знамето под кое пловат.

Забраната е воведена во согласност со регулативата на Европскиот совет, која се однесува на санкциите воведени кон Русија поради нападот на Украина и дестабилизацијата на ситуацијата во таа земја.