„Бугарскиот амбасадот почна да доаѓа во нашите региони, во делот на Гора, Голо Брдо и Преспа, да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаа аплицирано за бугарски пасоши им се јавуваа од бугарската амбасада дека мора да се пишат Бугари, во спротивно нема да земат бугарски пасош, а од друга страна тие бугарски пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно смејство и постоеше реално тој притисок.



Постоеја и јавни закани кон Македонците, дека ќе им се одземат бугарските пасоши ако не се пишат како Бугари“, алармира Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, пренесува Сител.

вели дека, Македонците во Албанија не го признаваат пописот на населението, зашто според нив тој е нелигитимен и спорводен под диктат и уцени од Бугарија и бараат негово продолжување.

Според Стерјовски, втор проблем е што голем дел од Македонците од пограничните региони за време на пописот биле на сезонска работа во Ресен, на берба на јаболки и физички не биле во можност да се попишат.

„Од Тирана бараа да се попишат, но проблем беше што попишувачите не ги попишуваа. Затоа се сомневаме дека и ова е под директно влијание на Бугарија да има што помал број на население во Мала Преспа, но и на Македонци“, вели Стерјовски.

Стерјовски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски побара од албанските власти да го продолжат пописот на населението во Мала Преспа и деловите каде што живее етничко македонско население. Причината за ова, според Стерјовски, е што официјално пописот траел шест недели, но во реалноста ситуацијата била сосем друга – се попишувале вкупно три недели, дознава Независен