Бугарија е во неволја! Цената на гасот вртоглаво порасна – поскапување за цели 31,5 отсто

Бугарската државна компанија “Булгаргас“ потврдила дека гасот ќе поскапи од јули – новата цена ќе биде 186,47 (95,34) евра по мегават – час.



Во Бугарскиот парламент оджана е седница која била затворена за јавноста.

Во текот на заседанвањето разговарале со премиерот Кирил Петков и министерот за енергетика Александар Николов за безбедноста на испорака на гасот.

Детали од седницата не се откриени, но многу парламнтарци подоцна констатирале “доколку и ќе има гас“, неговата цена ќе биде многу повисока.

Еден ден порано извршниот директор на компанијата Јудмил Јоцев на седница на комисијата за енергетика предложил дека од јули цената на гасот ќе се зголеми за 31,5 отсто. Тој истакнал дека Бугарија е обезбедена со гас за јули и август, но признал дека заега нема договор за септември, октомври и ноември.

По неговите зборови, преговори со “Гаспром“, постојано се водат и покрај прекинот на испорака кон крајот на април. Јоцев додал дека обновување на испорака од Русија зависи од политичарите.