Бугарија доби список на оружје и муниција што ги бара Украина

За време на вчерашната посета на Бугарија, Володимир Зеленски го предаде списокот со оружје и муниција што и се потребни на украинската армија, изјави министерот за одбрана Тодор Тагарев пред вонредната седница на Комитетот за одбрана рано утринава во парламентот.



Според министерот за одбрана, Зеленски побарал се’, освен авиони.

На списокот се наоѓаат системи за противвоздушна одбрана, тешки оклопни возила, ракетни системи земја-воздух итн.

Во моментов се прават калкулации како може да се исполни барањето на украинскиот претседател, рече Тагарев.

Доколку барањето на Киев биде одобрено, ова ќе биде трета по ред воена техничка помош што земјата не и ја дава на Украина.

Бугарија, исто така, изјавува подготвеност да учествува во европската иницијатива за испорака на артилериска муниција во Украина.