Бугарското министерство за надворешни работиија на Твитер објави дека Софија ќе продолжи да го поддржува Косово да стане дел од Европската унија.
Апликацијата на Косово за членство во ЕУ ја покажува јасната намера за продолжување на европската реформска програма на Унијата, истакнува бугарското Министерство за надворешни работи.
Неделава, премиерот на Косово, Албин Курти ја поднесе апликацијата на земјата за влез во ЕУ.
Косово беше единствената земја од Западен Балкан што немаше поднесено барање за членство во ЕУ.
Земјата прогласи независност од Србија во 2008 година со поддршка од Западот по војната 1998-1999 година во која НАТО интервенираше за да ја заштити територијата.






