Интересен одговор од Брисел на бугарското настојување да се меша во внтрешните работи на земјава.
По вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев дека очекува 120 илјади граѓани да бидат попишани како Бугари во Македонија, портпаролката на ЕК, Дана Спинант, денеска одговори дека земјите членки под ниеден услов не смеат да се мешаат во домашните работи на други земји.
– Никогаш не е прифатливо за ниедна земја да условува други земји. Ако ме прашувате генерално прашање – дали една земја може да и диктира на друга земја што треба да прави? – Ќе ви кажам не. Ние тука не зборуваме за диктирање на правила, туку за дискусија на работите. Сакаме да се реши ова билатерално прашање поради кое Бугарија не прифаќа одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија – вели Дана Спинанат портпарол на ЕК.





