Звездомир Андронов, лидер на ултрадесничарскиот Крепост Европа – Бугарски национален сојуз, на тамошната телевизија Канал 3 порача дека во Бугарија не треба да се слави Денот на победата над фашизмот, бидејќи тогаш ја загубила Македонија!



„Според нас, никој не треба да го празнува 9 Мај. Од наша гледна точка, Бугарија ја губи таа војна. Покрај тоа што според документите ја загубивме војната, ние изгубивме и дел од нашиот национален идеал – Македонија, Беломорието. Освен тоа, подоцна, на 9 септември, Бугарија стана вазална држава“, рече Андронов.