Четири лица завршија во 24 часовен притвор, по вчерашното застрашувачкото откритие на мртви и тешко повредени мигранти во напуштен камион во близина на Софија.



Во специјално направена „скривница“ во камионот биле откриени 18 задушени лица, меѓу кои и едно дета, и 34 преживеани но во тешка состојба – сите мигранти од Авганистан.

Веднаш била покрената истрага. На местото на настанот пристигнал директорот на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

„Во моментов 34 преживеани, за кои велат дека се Авганистанци, се сослушани од Националната истражна служба. На дел од нив им е укажана лекарска помош во соодветните медицински установи“, рече Сарафов.

Според неофицијални информации, еден од приведените е сопственик на камионот и тој моментално е на распит во Бургас.