Бугарија уште не ги префрлила 100. оклопни транспортери што реши да ѝ ги донира на Украина, бидејќи бара можност една од земјите учеснички во форматот ‘Рамштајн’ да го финансира превозот.
„Стоте БТР-и од магацините на Министерството за внатрешни работи, кои Парламентот реши да ѝ бидат испратени на Украина, сè уште се кај нас. Нивниот транспорт е многу сериозна логистичка операција. Знаеме и колкава е сумата што е потребна за превоз. Тоа би било подносливо за нашиот буџет, но прво ќе ја пробаме опцијата во форматот ‘Рамштајн’ за да видиме дали некој од нашите други сојузници ќе каже: ‘Ова е многу добра идеја, јас ќе платам за превоз’“, објасни министерот за одбрана Тодор Тагарев пред ресорната собраниска комисија.
Доколку сојузниците на ‘Рамштајн’ не се согласат да платат за пратката на оклопните транспортери, тогаш бугарската влада ќе бара други опции за финансирање. Логистичкиот процес ќе трае два месеци од моментот кога ќе се обезбеди финансирањето.





