Во Службениот весник на Европската унија, Бугарија објави дека бара стратешки партнер за проектот за нуклеарата електрана „Белене“.
Изборот на стратешки инвеститор треба да заврши во период од една година, јави порталот„Новините“.
Во март годинава, бугарскиот вицепремиер Томислав Дончев изјави за весникот „Труд“ дека Србија, како и С. Македонија, сакаат да учествуваат во овој проект.
Но, тој, исто така, изјави дека „нема чанси да се гради нуклеарната централа ‘Белене’ без учество на рускиот ‘Росатом’“.
Изјавата следуваше само два дена откако рускиот премиер Димитри Медведев ја посети Бугарија и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов разговарале за руската подготвеност да учествува во проектот „Белене“.
Идејата Србија да учествува во овој проект е многу стара – во 2011 година, тогашниот министер за енергија, Петар Скундриќ, се залагал за учество во проектот, бидејќи Србија наводно би добила поевтина енергија.
Од друга страна, проценките за вкупните трошоци за изградба на фабриката Белене се движеа на седум милијарди евра, а некои експерти предупредија дека учеството во проектот ќе биде премногу скапо за Србија, пишува Б92.




