Во моментов нема официјален одговорна на барањето Бугарија да биде исклучена од планираното ембарго на ЕУ за руската нафта, изјави претседателот на Комисијата за енергетика во Народното собрание и пратеник од владејачката Продолжуваме со промената Радослав Рибарски на БТВ.



„Разговорите продолжуваат. Бугарската влада одлучи да направи се што е можно“, рече Рибарски.

Според него, за Бугарија треба да важат истите аргументи како и за Унгарија и Словачка. Рафинеријата во Бургас е технолошки поставена за рафинирање на руската нафта. Ако работите тргнат наопаку – да, веројатно ќе ставиме вето на одлуката за ембарго на руската нафта, изјави Рибарски.

До крајот на следната недела ќе имаме одговор од ЕК на нашето барање, а Бугарија бара двегодишно одложување од овие санкции, рече Рибарски.